Обама ја потпиша наредбата за сајбер безбедност

Претседателот на САД, Барак Обама ја потпиша наредбата која треба да ја зацврсти сајбер безбедноста, но и која ќе дозволи властите да споделуваат информации за „сајбер опасности“ со други приватни компании и оператори.  Мерката доаѓа кратко време по годишниот извештај на CERT кој објави дека и енергетските постројки во САД се цел на напад, и само неколку дена откако и Европската унија најави слични заштитни мерки.

“Хакери го крадат идентитетот на луѓето, ја читаат нивната приватна пошта . Странски земји и компании ги крадат нашите корпоративни тајни. Сега нашите непријатели, исто така, бараат можности, да ја саботираат нашата електрична мрежа, нашите финансиски институции, како и контролата на воздушниот сообраќај… Не смееме неколку години од сега да се чудиме зошто ништо не сме предземале  кога сме се соочиле со овие закани врз нашата безбедност и економија.

Затоа ја потпишав новата наредба која ќе ја зацврсне сајбер безбедноста преку подобро споделување на информации и изработка на стандарди кои ќе ја заштитат нашата национална безбедност, нашите работни места и нашата приватност.“, вели  претседателот Обама.

Новата регулатива ќе овозможи легално да се споделуваат информации за сајбер опасности помеѓу владините агенции и меѓу индустријата. Ваквата соработка треба да ја подготви земјата за одбрана од сајбер напади. Но, ваква слична одредба која беше одбиена, CISPA, наиде на критики од организации за слобода на интернетот бидејќи немаше добро дефинирани регулативи кои ќе ги спречат компаниите да копаат по корисничките информации. Oвојпат г. Обама вети дека федералните агенции ќе ги контролираат компаниите преку одредби да се грижат за корисничката приватноста и слободата на Интернетот.

Одговорна за координацијата  ќе биде Департментот за домашна безбедност, која ќе треба да помогне за имплементација на NIST, но и  индустриски стандард за подобра сајбер безбедност.

„Ќе биде потребна законска рамка за обезбедување на критичната инфраструктира, но ова е првиот чекор кон подобрувањето на сајбер безбедноста“, изјави Бени Томсон од Homeland Security, пренесува The Hill.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk