Nvidia до продавниците: „Продавајте картички на гејмери, не на крипто рудари“

Високата цена на крипто валутите го зголеми интересот за копање на криптовалути. Жртва на ова се гејмерите кои планираат да купат графички картички кои достигнаа луди цени. Дополнително, и самата достапност на картичките е проблем. Поради ова производителот на графички карти Nvidia побара од продавачите гејмерите, а не крипто рударите да бидат приоритет.

Крипто валутите имаат лош месец, но и со оваа цена копањето е и повеќе од исплатливо. Цената е доволно висока што иако GeForce 1080 GTX не додава преголема вредност во споредба со поевтините картички, крипто рударите може да си дозволат да копаат и со подобрите модели на картичките.

Во Европа, Nvidia побара од продавниците да престанат да продаваат графички картички во пакети. Односно, да се ограничи количината на графички која може да се купи наеднаш. Дел од продавниците започнаа со оваа пракса уште во 2017 година.

„За Nvidia гејмерите се на прво место. Сите активности поврзани со GeForce се за нашите главни корисници. За да се осигураме дека гејмерите ќе имаат добра достапност до GeForce графички картички во дадената ситуација, им препорачуваме на нашите партнери да направат соодветни измени за да ги можат да ги исполнат потребите на гејмерите“, вели портпаролот на Nvidia, Борис Болс за Computerbase.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments