0 коментари 2 мин. читање 29 мај, 2017

Nvidia го претстави новиот мобилен процесор MX150

Nvidia претстави нов мобилен процесор. Новиот MX150 доаѓа на местото на 940MX и ќе има трипати подобри перформанси за исто потрошена електрична енергија. Според картичката која ја менува MX150, би требало да се користи во средната класа на лаптопи.

Новиот графички процесор е базиран на Pascal. Според податоците од Nvidia, процесорот е доволно моќен за најпопуларните еспорт игри. Купувачите на лаптопи со овој процесор ќе можат да ги играат DOTA 2, CS: GO, League of Legends и World of Tanks на 60 fps.

Image: Geforce

Перформансите на MX150 ќе зависат од производителот, вели Tom’s Hardware. Картичката доаѓа со стандарден GDDR5 интерфејс, поддршка за: Nvidia Optimus, GPU Boost 3.0, DirectX 12 и Vulcan API.

Засега нема најава за цената ниту за моделите на лаптоп кои доаѓаат со оваа графичка картичка. Оваа недела се одржува Computex, па најверојатно таму ќе може да ги видиме и првите уреди со MX150.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top