Новите Pixel 2 телефони од Google имаат проблеми со екранот

0 коментари 1 мин. читање

Екраните на новите Pixel 2 телефон од Google, имаат проблеми. Дел од корисниците се жалат дека делови од екранот се „изгорени“ (burn-in) или имат промена на бојата.

Проблематичен е единствено POLED екранот на Pixel 2 XL. Се чини дека проблемот е сериозен, а Google веќе започна со сопствени тестови. За жал, ова не се први поплаки, а претходно корисниците се жалеа за чудната боја на екранот.

Проблемите со горење на екранот не се нови, но вообичаено се јавуваат по неколку години користење, а не по одвај една недела.

Еден од првите корисници кој имаат проблеми е Алекс Доби, новинар од Android Central. Постојаните отпечатоци на екранот на неговиот телефон се забележуваат по 7 дена користење. На екранот може да се забележат копчињата за навигација дури и кога не треба да бидат таму.

Што е „Burn-in“?

Burn-In е проблем кој се јавува кај екраните по подолго користење. Вообичаено кога некоја слика стои подолго време го остава својот белег на екранот. Ова важи за прикажувања кои се постојано на истото место, пример, часовникот, нотификациите или стрелките за навигација.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед