2 коментари 1 мин. читање 16 август, 2016

Новиот Nexus телефон доаѓа од HTC

Google и досега ги распределуваше своите Nexus уреди, а според податоците на Федералната комисија за комуникации, новиот Nexus доаѓа од HTC.

Повторнo како и со Nexus 6p и Nexus 5X ќе има два уреди.

Уредите во HTC се со кодни имиња Marlin и Sailfish. Телефоните ќе поддржуваат универзален LTE протокол, што значи дека ќе функционираат на сите мрежи и кај сите оператори. Засега сè уште нема податоци за достапноста на телефоните, иако шпекулациите велат дека ќе бидат достапни на пазарот во ноември. Веќе има и по малку сомнителни снимки, од уреди, за кои се тврди дека се новиот Nexus телефон.

Интересна е забелешката на Android Police кои забележуваат дека станува збор за речиси идентични телефони. Единствена разлика е големината на екранот 5 и 5.5 инчи, но освен ова, материјалите и хардверот изгледаат идентични.

 

nexus-android-police
Image Android Police

 

nexus-htc
https://fccid.io/document.php?id=3098134
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top