0 коментари 1 мин. читање

Новиот iPhone 8 не се разликува премногу од iPhone 7?

Новиот телефон од Apple, iPhone 8 нема преголема разлика со iPhone 7. Ова е заклучокот на iFixit кои можеа да го расклопат и да видат што има во телефонот. Најголема надградба на телефонот не е во хардверот, туку зајакнатото задно стакло. Ова ќе го направи телефонот поиздржлив, но стаклото сепак ќе се скрши.

Дисплејот на iPhone 8 Plus е идентичен со претходниот модел, иако True Tone технологијата овозможува промена на бојата на екранот во зависност од амбиентната осветленост. Нема промена ниту во Taptic енџинот со кој се симулира механичко копче. Листата на компоненти во iPhone 8 Plus може да ја разгледате на iFixit.

Телефонот доби и солидна оценка за можност за сервисирање, 6 од 10.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top