1 коментар 1 мин. читање 6 октомври, 2021

Новиот iPhone 13 е кошмар за сервисерите

Покрај потребата за соодветни алатки за отворање и делови сервисерите со новиот iPhone 13 имаат уште една нова и се чини досега најголема пречка. Речиси секој резервен дел на телефонот не функционира ако ги замени самиот корисник или неовластен сервисер. Грешки јавуваат дури и менувањето на батеријата или дисплејот, но барем телефонот и продолжува да работи и по замената. За остатокот на деловите како камера или логичката плочка менувањето значи и крај на нормалната работа. Apple софтверското заклучување на резервните делови го започна на претходниот модел, а се чини дека со новите уреди отиде и чекор подалеку.

Неоставањето на можност за сервисирање надвор од сервисите на Apple се сериозен проблем за „правото на поправка“. Дополнително иако Apple се обидува да биде „зелена“ компанија, сепак пократкото траење на електрониката значително влијае на е-отпадот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top