Нов Surface, таблет и тeлефон со по два екрани и нов оперативен систем од Microsoft

во Вести

Image courtesy of Microsoft

Microsoft имаше забавен ден. Компанијата претстави куп нов хардвер, а дел од презентацијата беше и Windows 10X, верзија на оперативниот систем, наменета за уреди со двоен екран.

Surface Duo

Ова е уредот кој никој не го очекуваше и веројатно и затоа и е најинтересен. Duo го одбележува враќањето на Microsoft на пазарот за паметни телефони, иако овој пат единствено како производител на хардвер, телефонот доаѓа со Android оперативен систем. Станува збор за малку подебел телефон кој може да се трансформира во таблет. Кога е телефон уредот е со 5,6-инчен екран, во мод на таблет двата екрани се спојуваат и има екран од 8,2-инчи.

Додека Samsung се обидува да пронајде решение за проблемите на своите флексибилни уреди, Microsoft не се ни обидува да користи флексибилен дисплеј. Наместо ова екранот е составен од два дела. Овие делови може да имаат иста слика или можеби на едниот дел може да се покаже различно мени или софтверска тастатура, истото важи и за Surface Neo, новиот дуал таблет.

Пред официјално презентирање на Duo има уште време. Microsoft најавува дека доаѓа во 2020 за новогодишните празници. Засега има неколку дизајнерски прашања кои не се одговорени, на пример телефонот нема камера. Што се однесува до хардверот, нема официјална потврда, но и Wired вели дека телефонот ќе доаѓа со Qualcomm Snapdragon 855.

Surface Neo

Оваа комбинација од два таблет компјутери ќе биде првиот уред кој ќе доаѓа со новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 10X. Neo е спој од два таблет компјутери кои се споени во еден уред. Екраните на секој од таблетите се 9 инчни. Кога ќе се спојат дијагоналата е 10,3 инчи. Како и помалиот Duo, ниту Neo нема да биде достапен оваа година, и ќе започне со продажба за време на новогодишните празници 2020 година.

Најголемата разлика е во оперативниот систем. Neo ќе доаѓа со Windows 10X, оваа верзија е наменета за уреди со два екрани.

Neo доаѓа со електронско пенкало и тастатура. Што се однесува до хардверот, не знаеме ништо освен дека ќе доаѓа со Intel Lakefield процесор. Тастатурата може да се постави над едниот екрани, по што останува видлив еден дел „лента“ од дисплејот која може да се користи како прилагодлива командна лента.

Windows 10X нема да остане единствено за Surface Neo. Microsoft веќе соработува со Dell, HP, Lenovo и Asus на нивните уреди со два дисплеи. Она што е важно е дека 10X не е надградба на постоечката верзија на оперативниот систем и ќе биде наменет единствено за овие уреди. Сегашните уреди нема да можат да се надградат на овој оперативен систем.

Повеќе податоци за Duo, Neo и Windows 10X би требало да бидат достапни во следните месеци.

Surface Laptop 3

Лаптопот на Microsoft доаѓаа во две големини, 13,5 и 15-инчи. Двата лаптопи се слични, и не само помеѓу себе туку и со претходната генерација на Laptop 2. Надградбата е суптилна, но и забележлива. Тачпадот е поголем, додадена е USB 3.1 портa и додадени се нови бои. Останатите надградби се на хардверот, но редовна замена со најновата генерација процесори. Достапни се со Core i5 и Core i7 IceLake процесори на Intel.

15-инчниот модел е новитет, но речиси нема да забележите разлика освен што е поголем. Најголемата разлика и условно револуционерна е во хардверот. Ова е прв Surface со AMD процесор. Доаѓа со Ryzen 5 или Ryzen 7 процесор кој е специјално прилагоден за овој уред. Ако ве интересира зошто овој процесор е искористен во уредот, Microsoft вели дека има подобри графички перформанси од Intel. Ова сепак не значи дека ќе може да се играат најновите игри, но можеби некој постари подобро ќе работат на уредот. Дополнително ова секако е поважно за софтверот отколку за играњето. Цената на основниот 13 инчен модел е 1000 долари, а 15-инчниот модел започнува од 1200 долари.

Surface Pro 7

Surface овојпат не беше „ѕвезда“ на настанот, но единствено бидејќи двојните екрани беа изненадување за сите. Surface Pro 7 не е револуционерна надградба, туку редовна надградба на лаптопот. Процесорот е надграден на актуелната Intel Core Ice Lake генерација, и вообичаено има верзии со Core i3, Core i5 и Core i7 процесори; RAM меморијата се надградува до 16 GB; дискот е SSD  со капацитет до 1TB. Екранот е со 2 736 х 1 824 резолуција и густина од 267 ppx. Батеријата може да издржи до 10,5 часа помеѓу полнењето. Цената на основниот модел на хибридот е 750 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk