0 коментари 1 мин. читање

Nokia го претстави N8 првиот телефон на Symbian^3 ОС

Nokia N8 пред се е наменет за мултимедија. Има 12 мегапиксели камера која може да сними и до 720p HD видеа кои можат да се едитираат од мобилниот со посебен филмски софтвер, а има Dolby surround звук. N8 ќе има и пристап до Web TV сервиси кои нудат емисии и вести од тв канали како CNN, National Geographic… како и локални телевизии.

Телефонот ќе се појави на пазарот при крај на годината и ќе чини 370 евра, без додадени даноци.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top