Nokia објави дека е во финална фаза на преговорите за купување на Alcatel-Lucent. Аквизицијата на конкурентот вреди 15,6 милијарди евра и според информациите на Rеcode во целост ќе биде остварена во акции. Акционерите на Alcatel-Lucent за секоја Alcatel акција која ја поседуваат ќе добијат 0,55 акции на Nokia. По ова сегашните акционерите од Nokia ќе поседуваат две третини од компанијата, а една третина ќе биде во сопственост од сегашните акционери во Alcatel-Lucent.
„Nokia е интернационална компанија, распространета насекаде во светот. Кога ќе се споиме со Alcatel-Lucent очекуваме дека и Франција ќе стане клучен дел од напиот екосостем“, вели претставникот на Nokia.
Договорот веќе доби поддршка од бордот на директори на двете компании, а ќе биде финализиран по добивањето на „зелено светло“ од регулаторите. Двете компании очекуваат финализацијата на договорот да биде завршена до крајот на првата половина на 2016 година. Истовремено Nokia ја разгледуба можноста за продажба на Here Maps одделот, еден од ретките оддели кои останаа во сопственост на Nokia по продажбата на Nokia mobile на Microsoft за 5,4 милијарди евра.
По аквизацијата, двете компании заедно ќе имаат околу 110.000 вработени и ќе вредат околу 25 милијарди долари. Но, нема да се занимаваат со производство на мобилни телефони, туку на мобилна технологија и инфраструктура, како оптички трансмитери и рутери. Заедно ќе имаат 35 отсто од пазарот кој е воден од Ericссон, so 40 oтсто, и со конкуренти како Huawei со 20 oтсто.