Телефоните со батерии кои се менуваат до пред неколку години не беа ништо невообичаено. Но, поради трката во намалување на димензии, поголеми екрани, водоотпорност, отпорност на прашина батериите станаа дел од телефоните кои се прицврстени со лепило и не се едноставни за промени. Можеби затоа и е вест што Nokia 2.2 е еден од новите телефони кои доаѓаат со батерија која лесно се менува.
Nokia 2.2 доаѓа со 5,71-инчен екран, со 1520 х 720 резолуција. Секако ова нема да импресионира никого, но Nokia се обидува со минимален заб за камерата и со екран од крај до крај да ги импресионира корисниците. Телефонот доаѓа со четири јадрен MadiaTek Helio A22 процесор. Телефонот доаѓа и со 32 GB флеш диск и 3GB меморија, иако ова нема да импресионира никого сепак е сосем доволно за потребите на поголем дел корисници. Дополнително, цената на телефонот е 140 долари, па тешко е да се поверува дека некој очекува дека ќе добие превисоки спецификации за овие пари.
Поради штедењето телефонот доаѓа со microUSB наместо USB-C, 13MP и 5 MP камери. Ова секако нема да возбуди никого, но сепак е дел од поголем пакет кој треба да донесе солиден уред за минимална цена.
Веројатно најголема предност на телефонот е што Nokia 2.2 доаѓа како „Android One“ телефон. Ова значи дека телефонот доаѓа со најновата верзија на оперативниот систем, но и во следните 2 години е гарантирана надградба на оперативниот систем, а следните 3 години ќе добиваат и безбедносни надградби. Телефонот доаѓа со непроменет Android и е најевтиниот телефон со „ознака“ Android One.
Една од работите кои често ги забораваме е дека новите Nokia телефони не ги произведува финската компанија, туку брендот е во сопственост на кинескиот производител HMD.