0 коментари 1 мин. читање

Нил ДеГрас Тајсон објаснува колку е всушност богат Бил Гејтс

Колку е богат основачот на Micorsoft, Бил Гејтс? Да, тој има 50 милијарди долари, но колкумина од вас можат вистински да разберат колку се тоа многу пари. Популарниот aстрофизичар кој сега стартува нов серијал Cosmos, Нил ДеГрас Тајсон, успеа да ги стави во перспектива 50-те милијарди долари кои г. Гејтс ги поседуваше во 2010 година со просечната плата во САД. Ако просечен човек би се наведнал за да собере од улица 25 центи, за Бил Гејтс ваква сума би била 45.000 долари. Сепак г. Гејтс не е веќе најбогат, а Карлос Слим, мексиканскиот могул кој поседува 76 милијарди долари, по слична пресметка би се наведнал да собере 64.500 долари…

[youtube]B2inExgT77s[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top