0 коментари 2 мин. читање 20 јуни, 2012

Британија ја забрани Twitter кампањата на Nike

Британската агенција ASA ( Advertising Standard Authority ) ја прекина рекламната кампања на Nike преку Twitter.  Главна причина за забраната е што Nike ги користи Twitter  профилите на фудбалерите Вејн Руни и  Џек Вилшир за рекламирање на своите производи. Британската регулатива забранува да се рекламира преку лични профили на фудбалерите бидејќи, како што вели ASA, нивните „следбеници“ не можат јасно да оценат дали станува збор за реклама, или пак за личните ставови на фудбалерите.

Вејн Руни им се обрати на своите 4,8 милиони следбеници со порака „мојата одлука – да ја започнам годината како првак, и да ја завршам годината како првак“ додавајќи хаш-таг #makeitcount и линк до кампањата на Nike, додека Џек Вилшер, кој има 1,3 милиони следбеници, напиша „во 2012 ќе се вратам за мојот клуб – и ќе бидам подготвен за мојата репрезентација.“. И тој како Руни додаде хаш-таг и линк до кампањата на Nike. Двата твитови сега се избришани.

Според Nike, хаш-таговите и линковите јасно ги разделувала рекламниот твит и останатите постови на фудбалерите.

Предлог на ASA e во иднина сите реклами да започнуваат со #ad или некој друг индикатор со што на корисниците би им било јасно ставено до знаење дека станува збор за комерцијална порака. Еден од проблемите со кампањата, вели ASA, е што корисниците брзо ги прегледуваат твитовите и со тоа не се во можност веднаш да откријат за што станува збор. Конечно регулаторот потврди дека станува збор за „нова територија“ во која и покрај експериментирањето на компаниите да привлечат што е можно поголем број на потрошувачи, треба да се почитуваат правилата.

Интересно, како што пишува BBC, АSA реагирала на кампањата по само една поплака.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top