Претплатата на NYTimes ќе изгледа вака: ќе има 20 текста бесплатно секој месец, со видео и слики за корисниците. За повеќе ќе се плаќа. Ако користите паметен телефон или таблет тогаш целата Top News секција е бесплатна за читање. Ќе има три пакети за претплата за различни уреди, почнувајќи од 15 долари месечно за пристап на nytimes.com и мобилна апликација. Читателите кои се претплатени за печатената верзија ќе имаат бесплатен пристап до дигиталното издание. Сево ова го вклучува и International Herald Tribune.
Интересен момент е со линковите. Читателите кои ќе дојдат до текстот преку линк од друштвени мрежи или интернет пребарувач ќе можат да го прочитаат тој текст иако го поминале лимитот од 20 бесплатни вести. Ќе има дневен лимит за некои интернет прелистувачи, најверојатно ќе можат да се прочитаат само 5 вести најдени преку Google.
Проблемот со платежниот ѕид е што многу корисници ќе одбијат да плаќаат за содржина која ја има кај други весници. Доколку претплатата на весникот не функционира, постои шанса не само да се изгуби публика, туку и да се промовира конкурентот.
New York Times вели дека претплатите ги гледаат како „инвестиција во весникот“ за да продолжат да спремаат оригинална и привлечна содржина која вреди за таа претплата. Претплатата ќе започне во Канада пред да биде стартувана глобално на 28 март.
Меѓутоа http://twitter.com/ariannahuff/status/48532331111…