2 коментари 1 мин. читање

NetQin објави бесплатен софтвер за оптимизација на Symbian мобилните

Алатката која се намачив да ја инсталирам, (идеално преку PC на мобилен, па рестарт на системот) е доста интересна. По првичното скенирање на мобилниот ми најде неколку проблеми со сетинзите. Пример, дека светлото во позадина ми трае многу долго со што ја конзумира батеријата. Со кликање на опцијата Guard алатката ве води на местото каде се опциите да се мести светлото, опции на кои до сега не сум обрнал внимание. Потоа ми најде проблем дека пораките ми се чуваат на меморијата на телефонот, не на мемориската картичка (microSD) која е 8GB па ме префрли на тие опции заедно со совет каде да ги најдам и како да ги променам.

Изгледа интересно на прв поглед, па може да ви помогне. NetQin Mobile Guard апликацијата можете да ја симнете од http://www.netqin.com/en/guard.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top