Популарниот сервис за гледање филмови и ТВ серии, Netflix, веќе подолго време дозволува претплата на видео материјали во 4К резолуција, но таквото нешто беше можно само на соодветни паметни телевизори, како и 4К направи за стримување. Оние кои гледаа преку паметна направа или компјутер беа „ограничени“ со 1080p резолуција.
Netflix конечно реши да излезе во пресрет и да овозможи 4К стримување, но само доколку користите Microsoft Edge прелистувач, што значи мора да имате Windows 10. Ваквата потреба изненадува, особено кога ќе земете предвид дека Netflix уште во самиот старт има нивна Windows 10 апликација. Останатите предуслови кои мора да ги исполните е да сте претходно опремени со монитор кој подржува 4К приказ, како и компјутер со i7 процесор (7th Gen Kaby Lake Intel). Се претпоставува дека ваквото нешто е направено од безбедносни причини затоа што сите Kaby Lake процесори доаѓаат со „нативна“ поддршка за HDCP 2.2 протоколот кој не дозволува копирање 4К видео.
Во случај да не можете да ги исполните ваквите услови, не дозволувајте си да сте премногу разочарани затоа што, според многумина, разликата помеѓу добро 1080p видео и 4К видео е суптилна и не пропуштате премногу. Исто така, за разлика од западните претплатници, Netflix има на понуда исклучително малку квалитетни содржини за македонските претплатници кои и не би можеле да ја оправдаат скапата претплата од 10 евра месечно за подолг временски период. Во случај да сакате и самите да проверите, сервисот нуди еден месец бесплатен пробен период.