0 коментари 2 мин. читање 15 јули, 2011

Нема зошто да помниме факти кога го имаме Google

Google еволуција? Се чини дека дигиталните домородци, тие кои израснаа со Интеренетoт, му веруваат на компјутерот да помни одредени факти наместо нив, покажува истражување на универзитетот Колумбија кое е објавено во Science магазинот.

Истражувањето, направено со 46 студенти, покажува дека студентите помалку се сеќаваат на ново научени факти ако се сигурни дека истите тие факти ги имаат на својот компјутер и дека ќе можат да се потсетат на нив.

На студентите им билe дадeни изјави како „Bluebirds [вид северноамериканска птица] не можaт да ја видат сината боја“ или „Бизнис картичката на Ал Капоне пишувала дека продавал мебел“… кои тие ги додавале во компјутер. На половина им било речено дека изјавите ќе бидат избришани, додека на половината дека ќе бидат снимени. Кога подоцна ги прашале студентите за изјавите, тие што мислеле дека ќе се избришат изјавите имале 40% поголем успех во помнењето на фактите од другата група која ги снимила податоците.

Ова е само почеток на истражувањето, велат истражуачите. Тие велат овој начин на помнење е ист како да се работи со група каде се дистрибуирани фактите и експертизата.

„Многу е слично со како ги користиме луѓето во реалниот живот. Интернетот е само интерфејс со многу други луѓе.“, вели ко-авторката на истражувањето на Колумбија, Елизабета Спароу.

(via Wire)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top