Ако чекате за да ја купите следната генерација на процесори од Intel ќе почекате уште малку. Компанијата најавува дека до втората половина на 2019 година нема да има 10nm процесори.
Секако ова не значи дека нема да има нови 14 nm процесори, но ако не ги чекате овие ќе почекате до новогодишните празници следната година. Компанијата засега има само 1, 10 nm процесор на пазарот, потсетува Ars Technica. Станува збор за i3-8121U кој е далеку од спектакуларен.
Сепак она што сега е сигурно е дека првите помоќни 10 nm процесори доаѓаат таман пред 2020 година. Најпрво излегуваат процесорите за PC, а наскоро потоа и Xeon процесорите за сервери.
Просторот кој се отвори со забавувањето на развојот на чипови во Intel најмногу го искористи AMD. Компанијата со Ryzen процесорите по подолго време повторно е конкурентна на пазарот.
Компанијата неодамна го издаде и извештајот за приходи во второто тримесечје на 2018 година, може да го погледнете иконографикот подолу.








