2 коментари 1 мин. читање

Научете High Valyrian од Game of Thrones со Duolingo

Популарната платформа за учење на јазици Duolingo го претстави курсот за „High Valyrian“ јазикот од Вестерос. Новиот курс е таман на време да може да научите делови пред да почне новата сезона на Game of Thrones на 16 јули.

Курсот ќе биде достапен од 13 јули на декстоп верзијата на апликацијата. Популарните iOS и Android верзии ќе мора да почекаат за новиот јазик. Ова не е прв јазик од фантазија, платформата има и оперативен клингонски курс, но само за 55 отсто од јазикот.

Креатор на курсот за Duolingo е Дејвид Питерсон, кој ги креираше Dothraki и Valyrian јазиците за популарната серија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top