Научете да програмирате со Python и Introduction to Computational Thinking and Data Science курсевите на MIT

0 коментари 1 мин. читање

Последните месеци од летото може да ги искористите за да го подобрите своето знаење за информатичката технологија. Еден од најпрестижните универзитети Massachusetts Institute of Technology: MIT понуди неколку бесплатни курсеви.

Курсот за Python всушност се видеа од предавањеата од минатата година. Добра вест е и што за следење на курсот не е потребно никакво предзнаење, односно курсот можат да го следат сите. Сепак, со оглед на тоа дека предавањето е на англиски, ова е ограничување за дел од заинтерасираните од Македонија.

Предавањата ги држат проф. Ерик Гримсон, проф. Џон Гураг и др. Ана Бел.

По завршување на првиот курс, може да го следите и следниот „Introduction to Computational Thinking and Data Science“. Како и за Python, ниту за овој курс не е потребно никакво претходно предзнаење.

Целта на курсивете е до помогнат за полесно сфаќање на улогата која ја има програмирањето, како и дел од проблемите кои може да се олеснат и надминат со програмирање.

Сите потребни материјали како и линкови до предавањата може да пронајдете на веб-сајтот на MIT.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед