0 коментари 1 мин. читање

Natural Reader го чита текстот за вас

Natural Reader е корисна алатка која ќе ви се најде доколку не можете или немате време да читате текст од екранот на вашиот компјутер. Со оваа алатка, текстот ќе биде читан за вас и тоа со британски, односно американски акцент или пак со бројни гласови од Европа. На текстот кој ќе ви се чита, можете да ја менувате брзината.

Алатката е достапна во desktop или онлајн форма, но и како екстензија за Google Chrome. Независно од верзијата, процедурата е едноставна и се состои од префрлување на текстот кој сакате да ви биде прочитан и кликнување на соодветното копче. Паралелно со ова, можете и да поставувате фајлови. Дислексичките корисници имаат специјално дизајниран фонт кој е полесен за читање.

За да користите Natural Reader не мора да создадете акаунт, но таквото нешто се препорачува доколку сакате повеќе опции, како библиотека за чување фајлови и уредувач на изговор. Исто така, бројот на форматите кои сакате да ги поставите е ограничен за корисниците на бесплатната верзија. Многу покорисни опции, како преточување аудио фајлови во текст или читање PDF документи и слики, се заклучени зад исклучително висок платежен ѕид од 100 евра.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top