Наскоро очекувајте игри на Google+

Со стартувањето на Google+ започнаа да се шират претпоставките кога Google ќе ја претстави платформата за друштвени игри. Последна информација во врска со платформата за игри дојде од Google+ центарот за помош каде беше најавен посебен стрим за игри. Моментално таа информација е тргната.

Се претпоставува дека во наредните неколку недели би требало да го очекуваме стартувањето на новата друштвена платформа за игри која ќе има за цел да им конкурира на веќе етаблираните друштвени платформи за игри на Facebook и Apple.

Google, учејќи од грешките на Facebook, со Google+ конечно успеа да направи платформа која сигурно ќе привлече дел од корисниците на Facebook. Истиот принцип Google планира да го употреби и за игрите. Доказ за тоа е информацијата дека сите нотификации за игри во Google+ ќе бидат дел од посебен стрим, за разлика од Facebook, каде постојано сте бомбардирани со покани за учество во нови игри, како и со нотификации за успехот на вашите пријатели.

Лансирањето на платформата за игри на Google+, ќе им биде од голема корист и на девелоперите на игри, кои ќе имаат уште еден извор на приход. Уште една причина за девелоперите да се префрлат на Google+ ќе бидат далеку подобрите услови. Google+ ќе зема помалку од 30% од профитот како што зема Facebook од секоја трансакција со Facebook Credits кои станаа стандардна виртуелна валута на мрежата за купување виртуелни добра. Сите игри ќе бидат хостирани на Google+ серверите, што ќе овозможи поголема стабилност и брзина.

Се разбира, за сето ова да се оствари, игрите ќе треба да имаат стотици милиони корисници, но со брзината со која расте Google+, не верувам дека за тоа ќе треба уште многу време.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
љуљз
љуљз
14 years ago

не дај боже да бидат некои скапани мали игрици -.- некои квалитетни ко што ги прават зинга барем …

Martin Jovceski
14 years ago
Reply to  љуљз

Лани Google инвестираа 100 милиони долари во Zynga, така да верувам дека ќе има профи игри.

Нелка
Нелка
14 years ago

Да се надеваме на квалитетни игри

IT.com.mk
Admin
14 years ago
Reply to  Нелка

Ќе бидат истите што се и на Facebook.