Нашите мозоци „постојано се адаптираат“ на паметните телефони

во Мобилни

Нашиот мозок постојано се адаптира и тоа не само на секојдневните ситуации, туку и на технологијата која редовно ја користиме. Влијанието на повторувањата кои ги прават музичарите или гејмерите со прстите се документирани, а новитет е дека и користењето на екраните на допир имаат слично влијание, пренесува Wired, повикувајќи се на истражување објавено во Current Biology.

Студијата покажува дека и кај корисниците на паметни телефони мозочната активност се зголемува кога ќе ги допрат врвовите на прстите (палец, показалец или средниот прст) и тоа нивото на мозочна активност при овие дразби е пропорционално со користењето телефонот. Мозочната активност е најчувствителна кај кај палецот за кој се појавува разлика помеѓу активноста во различни денови. Интересно податоците за студијата се собрани од телефоните кои ги собираат сите податоци за што правиме со палецот на екранот.

„Ова значи дека повторувањето на движењата на палецот додека го повлекуваме преку екранот постојано го менува обработувањето на сигнали од рацете и може да биде прилагодено додека го користиме телефонот“, велат истражувачите. Tие веруваат дека ова е доказ дека мозокот постојано се прилагодува на употребата на дигиталната технологија. Ова прилагодување предизвикува реорганизирање и зголемување на чувствителноста на палците, за жал барем за сега нема анализа на тоа како ова влијае на останатите сетила или прилагодливоста на палците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk