0 коментари 2 мин. читање

Напредокот на проширената реалност доаѓа од гејмингот

Ninatic Games, компанијата зад првата ултра-популарна игра со проширена реалност Pokemon Go, носи значителен напредок на проширената реалност.

Компанијата преку стартапот Matrix Mill, кој веќе е дел од Niantic успева да се справи со два проблеми, од кој едниот е предизвикан од перспективата. Имено работите кои се подалеку се помали, работите кои се поблиску се поголем. Ова се однесува и на „нацртаните“ работи на екранот, но и на објектите во светот.

Еден од најголемите проблеми кои ја растураат имерзивноста на играта е што наместо да ги заобиколат, моделите трчаат низ препреките од реалноста. Не повеќе! Niantic, поточно Matrix Mill, успешно користи вештачка интелигенција за да препознае што е колку оддалечено и каде се наоѓа. Луѓето ова го препознаваат благодарение на тоа што имаат две очи. Телефоните најчесто имаат една камера со која не е баш лесно да се сместат сликичките во просторот.

Сепак благодарение на вештачка интелигенција предметите може да се сместат во играта и покемоните да ги заобиколуваат, наместо да поминуваат низ нив. Вештачката интелигенција пример може да препознава саксија, знае отприлика колкави се димензиите на саксиите и колку се далеку, па ги сместува во простор. Врз база на ова го намалува или зголемува покемонот поточно отколку досега.

Вториот проблем кој е успешно надминат е играњето на повеќе играчи истовремено. Технологијата овозможува преку базните станици да се поврзат играчите кои се во близина и да играат заедно, објаснуваат претставниците на Niantic за BBC.  Овие надградби ќе бидат додадени и во новата Хари Потер игра која е најавена.

Без сомневање овие две надградби на технологијата ќе го направат играњето многу позабавно и поинтересно. Од компанијата најавуваат дека ќе ја продаваат технологијата која ги овозможи нивните игри.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top