Google најавува дека во иднина сурфањето со најкористениот прелистувач ќе биде со поголема приватност. Компанијата полека се подготвува за живот без колачиња кој полека ќе бидат исфлени во следните 2 години. Првите тестови за земената на интернет колачињата започнуваат кон крајот на 2020 година, откако ќе бидат исполнети потребите на сите, од корисниците на кои им е потребна поголема приватност до сајтовите на кои им се потребни средствата од рекламите.
Промените се најавени за интернет колачињата на трети страни кои не само што ќе бидат отстранети, туку со плановите на Google ќе бидат и непотребни за страниците. Овие колачиња веќе се забранети на Safari, Edge и Firefox. Колачињата се користат за следење на корисниците и на нивните навики онлајн. Ова овозможува и подобро и порелевантно рекламирање, но овие податоци често се злоупотребуваат. Наместо ова Google работи на „Privacy sandbox“ сет правила кои треба да обезбедат поголема приватност за корисниците, но и релевантни реклами за сајтовите. Со оглед на тоа дека нетаргетираните реклами даваат 52 отсто полоши резултати потребата од некакви податоци за корисниците не е занемарлива.
„Корисниците бараат поголема приватност, поголема транспарентност, поголем избор и контрола за тоа како се користат нивните податоци – јасно е дека веб-екосистемот треба да еволуира за да ги исполни овие барања. Некои прелистувачи реагираа на овие проблеми со блокирање на колачиња од трети страни, ние веруваме дека ова ќе има несакани последици што можат негативно да влијаат и врз корисниците и на веб-екосистемот. Со поткопување на деловниот модел на многу веб-страници поддржани од реклами, овој пристапи кон колачињата ќе поттикне употреба на други техники како што е fingerprinting (инвазивно замена на колачињата), што всушност ќе ја намали приватноста и контролата на корисниците. Веруваме дека како заедница можеме и мора да направиме подобро“, вели Џастин Шух на блогот на Chromium.
Дури и со промените со GDPR голем број на веб-страниците продолжуваат незаконски да ги прибираат податоците на корисниците. Наместо корисникот да биде информиран, да знае точно зошто споделува податоци најчесто добива веќе наполнети форми со скриени копчиња кои дури продолжуваат со следење и кога корисникот не дава согласност. Само 11,8 отсто од сајтовите ги исполнуваат минималните барања на GDPR, вели BBC.
[…] почетокот на минатата година Google најави дека ќе ги блокира колачињата на следење на Chrome. Овие […]
[…] почетокот на минатата година Google најави дека ќе ги блокира колачињата на следење на Chrome. Овие […]
[…] Google минатата година донесе одлука со која за да ги ограничи податоците кои веб-страниците ги собираат од корисниците најави дека ќе ги отстрани колачињата. Овие колачиња се користат и за проценка на успехот на некоја маркетинг кампања, па нивното користење е важно за сопствениците на страниците. Google веќе најави дека работи на замена, но можноста една компанија самата да решава кои ќе бидат стандарди во целата индустрија е помалку застрашувачка. […]
[…] минатата година донесе одлука со која за да ги ограничи податоците кои […]