Најновата Android верзија на Opera има поддршка за VPN

0 коментари 1 мин. читање

Скоро цел месец, бета корисниците беа во можност да ја тестираат VPN услугата на Opera. 51 Android верзијата на прелистувачот конечно стана широко достапна и сите заинтересирани имаат на располагање целосно бесплатна виртуелна приватна мрежа (Virtual Private Network, односно VPN).

По едно-месечно тестирање, од тимот зад Opera се задоволни од VPN можностите и сметаат дека нивниот прелистувач и вградената VPN „одбележуваат нов стандард за приватност и безбедност за мобилното прелистување.“

Претставник од тимот задолжен за прелистувачот за Android изјави:

„Веќе има над 650 милиони луѓе кои користат VPN услуги на глобално ниво. Со Opera, тие сега можат да уживаат во бесплатен сервис кој ја зголемува онлајн приватноста и ја подобрува безбедноста.“ Истиот претставник, Питер Волман, објаснува дека доколку ја користите вградената виртуелна приватна мрежа значително им ја отежнувате мисијата на трети лица и ги спречувате не само во крадење информации, туку и во следење траги. „Корисниците, вели Питер, повеќе не мора да се прашуваат како да ги заштитат нивните лични информации во вакви ситуации.“

За предностите на VPN и бројните алатки кои можат да ви помогнат за подобра безбедност, зборувавме во неколку наврати.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед