0 коментари 1 мин. читање

Најмоќен Raspberry Pi досега

Новата верзија на микро-компјутерот Raspberry Pi ќе биде уште помоќна. Производителот ја дуплираше RAM меморијата и сега наместо 4 ќе доаѓа со 8 GB RAM. За жал ова значи и дека цената ќе биде повисока, но 75 долари и не се премногу за можностите со кои доаѓа новиот модел.

За да може корисниците да го искористат зголеменото количество на меморија, Raspbian е заменет со нова верзија на оперативниот систем и е „ребрендиран“ во Raspberry Pi OS. Оперативниот систем е 64-битен и барем засега е во бета верзија. Она што е интересно е дека сите останати апликации се 32-битни, и нема разлика во работата, вели Tom’s Hardware.

Единствената разлика на новиот модел и претходниот е единствено RAM меморијата. Сè освен ова, од процесорот до USB портите е идентично со минатогодишниот модел.

Покрај моделот со 8GB RAM, Raspbian Pi Foundation има уште два модели на Raspberry Pi 4, едниот со 4, а другиот со 2 GB RAM.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top