Најголеми проблеми со апликацијата MojDDV

Недела дена како функционира MojDDV, апликација за паметен телeфон со Android оперативен систем, која ви дозволува да скенирате фискални сметки, за да добиете право на 15 % поврат од ДДВ. Од 1 јули, апликацијата е симната над 60 000 пати, а се скенирани над пола милион сметки. Иако апликацијата делува исклучително професионално, не е сè баш онака како што би требало да биде.

Проблеми во апликацијата

За краткиот период од нејзиното постоење, апликацијата MojDDV е оценета од 265 корисници и се одликува со просечна оценка од 3 ѕвездички (од максимум 5). Некои од коментарите се исклучително конструктивни и посочуваат на најразлични проблеми, некои од нив се целосно неосновани и кријат друга позадина. Општата слика е тоа дека корисниците имаат најмногу проблеми при скенирање на фискалните сметки. Имено, доколку фискалната сметка е лошо отпечатена, односно има тенки бели линии низ кодот, или пак целиот код е блед, тогаш скенирањето е отежнато, во повеќето ситуации – невозможно. Тимот зад апликацијата го имаше ова да го каже:

„Доколку сметката има повеќе од 10% оштетување, апликацијата не може да ја прочита. Ако баркодот не може да се прочита таа сметка може да се внесе преку рачен (службен) внес во УЈП.“

На нашиот и на неколку други коментари за проблематиката и дека треба да постои опција за рачно внесување на сметките, го добивме следниот одговор:

„Опцијата за рачен внес од секој корисник отвара премногу можности за злоупотреби. Ако сметката е бледа, во поголем дел од случаите станува збор за неквалитетна хартија, ако има вертикални бели линии, станува збор за нечиста или неисправна глава на термичкиот печатар.“

Одредени корисници не можат да скенираат сметки независно од нивниот квалитет. За таквото нешто се претпоставува дека самиот телефон нема опција за автофокус, што е клучно за скенирањето, или пак апликацијата не е компатибилна со телефонот.

И директорката на УЈП Сања Лукаревска имаше да што да каже за проблематиката:

„Се жалеа граѓаните дека баркодот не е видлив и системот не може да го прочита, па откривме дека е до фискалните апарати кои навремено треба да се сервисираат. Затоа упатуваме јавен апел сите ДДВ обврзници да имаат исправни фискални апарати, но граѓаните не треба да се нервираат ако не може да ја скенираат сметката преку мобилен телефон, тоа ќе може да го направат на киосците со барчитачи. Ако и таму не можно, службеник од УЈП ќе му помогне и рачно ќе го внесе баркодот.“

Мој ДДВ функционира само на Android направи. Сега за сега, корисниците кои имаат Apple направа, сè со празни раце.

„Не е проблемот до УЈП. До App Store е испратено барање уште на 25 мај, но тие имаат порестриктивна процедура на проверка и затоа од ајфоните не може да се симне апликацијата.Тие рестриктивни политики го одложија процесот. Но, очекуваме процедурите наскоро да завршат и тврдам дека не е можно да не одбијат, затоа што целата документација што ја побараа е уредно испратена. До тогаш корисниците на ајфони, може да ги користат баркод читачите на УЈП, а доколку има некои дилеми или проблем, целосно им стоиме на располагање“, објасни директорката Сања Лукаревска.

На сите оние кои ќе пробаат да манипулираат со апликацијата и бидат фатени, им се заканува глоба од 250 евра.

Која е цената на ова?

Управата за јавни приходи објасни дека за поврат од 600 денари, на месечно ниво, едно лице треба да оствари промет од 26.600 денари, по услов сите тие сметки да се со 18% ДДВ.

Првата исплата на парите од ДДВ граѓаните може да ја очекуваат во декември – за месеците јули, август и септември. Исплатата ќе се врши квартално и едно лице може да поврати максимум 1.800 денари за три месеци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
45 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Sofija Kunovska
Sofija Kunovska
1 month ago

Nemoze da vlezam vo aplikacijata. Se zaglavuva na proverka na podatoci

Julijana Pishpecka
Julijana Pishpecka
6 months ago

Smetkite od Silbo pri skeniranje javuvaat deka “smetkata e veke podnesena” ?
Od kogo koga jas kupuvam?
Stanuva li zbor za greška (i kakva) na sistemom ili zloupotreba?

Keti
Keti
8 months ago

Зошто се јавува порака “Сметката е веќе поднесена Е2001” на 100% исправна и нескенирана сметка?

Martina
Martina
8 months ago

Здраво, пробувам да скенирам сметка и добивам грешка E2001. Што означува грешката?

Marjan Jankulovski
Marjan Jankulovski
9 months ago

Добивам порака
“грешка е2002” на сметка од H&M и не можам да ја скенирам.

Мартин
Мартин
9 months ago

Исто и кај мене за H&M сметка. А на основен дава Е2005 грешка.

Marija
Marija
8 months ago

Sekoja smetka od H&M javuva greska E2002. I na osnoven i na napreden ne saka da ja skenira. ne e OK. Minatata smetka mi bese mn golema i ne mozev da ja skeniram.

Marija
Marija
8 months ago

Isto, sekoe kupuvanje e taka vo H&M

Nena
Nena
9 months ago

Zasto javuva pogresno korisnicko ime i lozinka eror kod e0012?

Dejan
Dejan
11 months ago

Сметка од маркет ја земам, продавачката од фискалниот апарат ми ја дава, после пола саат дома да ја скенирам ми кажува дека сметката е веќе поднесена

Hirmize
Hirmize
1 year ago

Zosto ne moze da go zemam nova verzia na aplikacijata moj ddv od play store nee fuksiaonallna

Фросина
Фросина
1 year ago

Грешка при верификација (Е2002). Сметка над 3000 денари. И како да ја скенирам сега?

Nikola
Nikola
1 year ago

error E2005
19/04/2023

Катерина
Катерина
1 year ago

Што значи Е2005? Скенирам сметка од Макпетрол од пред 5 дена, ми с епојавува : скенираната сметка не е валидна (Е2005)

Соња
Соња
1 year ago

19.04.2023 и кај мене

Jagoda
Jagoda
1 year ago

Zdravo
Sakam da prijavam edna nepravilnost,od strana na noviot market na Kiper vo Bitola,sto se naogja kaj “Noviot pazar”
Imeno,site smetki od kaj niv,ne mozime da gi skenirame,poradi toa sto imaat problem so fiskalnite uredi(ne e samo eden…site tri),i smetkite sto gi pecatat,nikoj ne mozi da gi skenira.
Ve molam za proverka od strana na UJP.
Blagodaram

Vancho
Vancho
1 year ago
Reply to  Jagoda

Исто е и во кипер во нерези ,скопје ……ретко се скенираат , почесто неможе , несакам да верувам дека има заштитени мечки

Monika
Monika
1 year ago

Skenirav smetki I mi SE odjave samo I posle toa ne mi dava da SE najadam Vika deka mojot account ne postoi help nemozam da SE najadam

BIljana Mitro ska
BIljana Mitro ska
1 year ago

Vecina pogolemi smetki ne se skenirat

Suvat
Suvat
1 year ago

Ne znam zosto no može li nekoj da mi kaze bidejki I koga imam pogolemi sumi na smetka ne može da se skenira pisuva nad dozvolen promet zosto ne znam

azra
azra
1 year ago
Reply to  Suvat

Ima limit mislam do 20 000 den, ili 30 000 najgolema smetka moze da se skenira, pogolemi od toa nemoze

Zejadin
Zejadin
1 year ago

Me mi se otvara moj ddv

azra
azra
1 year ago

Skoro sekoja smetka od eden konkreten market vo koj redovno kupuvam nemoe da se skenira! Smetkata vo market mi ja davaat pred mene,ne manipuliraat od marketot znaci,od fiskalna kasa vo raka mi ja davaat. Koga skeniram prvo dobivam greska “Nema konekcija do ujp”, a koga se obiduvam da ja skeniram po vtor pat dobivam greska “Smetkata e veke podnesena” E2001. Znaci ne pisuva “Veke ste ja skenirale smetkata’ tuku deka smemtkata e veke podnesena! Kade e podnesena od kogo? vo lista na skenirani smetki ja nemam? Znaci se raboti za mnogu smetki so potpolno istiov problem, nekoi se i od drugi dukani, no od doticniov market skoro na site smetki istoto mi se slucuva. Prijavuvam veke 10pati preku aplikacija! Sto e problemot?

Baki Usein
Baki Usein
1 year ago

Zasto ne mozam da se rekistriram za moj ddv pozdrav

БИЛЈАНА
БИЛЈАНА
1 year ago

Здраво. И јас би сакала да знам што значи грешка Е2027? Нема никакво оштетување на сметката и секогаш се повторува грешката, од било која бензинска пумпа.

MAJA
MAJA
1 year ago

Zdravo,

Bi sakala da znam sto oznacuva greskata E2027 poradi koja ja odbiva i Ne ja skenira smetkata

Pozdrav

Bayram
Bayram
2 years ago

Zdr sakam dave prasam na drug emael adres za korısnıcko ıme mı dava da resetıram lozınka ko ıdam da se logıram mı vıka ne valıden emaeıl ılı lozınka kako da najdam tocno korısnıcko ıme

Ани
Ани
2 years ago

Ве молам кажете ми сто значи Грешка 2027 кога скенирам сметка

Bubo
Bubo
2 years ago

5-6 дена на некои сметки ми се јавува грешка Е2002

vasko
vasko
2 years ago

ZDRAVO JA INSTALIRAM APLIKACIJATA NA NOV TELEFON I IMAM PROBLEM NON STOP MI SE POJAVUVA GRESKA E0012,STO E TOA MOZE LI DA ZNAM I KAKO DA GO RESAM PROBLEMOT.

Evilmc
Evilmc
2 years ago

Sto znaci E2002 vo moj ddv site fiskalni sto gi imam se vo Red, ama od vcera nikako ne mozam da gi skeniram, a imam dosta smetki, inaku do pred mesec dena nemav problem, poz

Last edited 2 years ago by Evilmc
Saso
Saso
2 years ago

Eve I denes 23.08.2022 aplikacijata pojavuva E2002
Na smetki nad 1000 denari I toa kaj poveke telefoni

Умник
Умник
2 years ago

“Грешка при верификација на сметката (Е2002)” секоја сметка веќе недела дена! А по десет дена нема да бидат сметките во валиден период за скенирање! Што се случува со апликацијата? Еве и тука да се обратам затоа што официјалните игнорираат.

vesna
vesna
2 years ago

zosto deneska napravena smetka pokazuva E2005 greska

Иван
Иван
2 years ago
Reply to  vesna

isto i kaj mene

Горан
Горан
2 years ago

QR читачот на апликацијата е ужасно лош и лага е дека тоа се должи на лошо испечатени сметки или неквалитетна хартија. Друг QR на истиот телефон го чита кодот, но не и оној на оваа аплкација

Alek
Alek
5 years ago

Фала

Стојан
Стојан
5 years ago

Апликацијата може да се користи и на десктоп, доколку се инсталира емулатор за андроид оперативниот систем (или евентуално iOS оперативниот систем), како на пример Bluestacks 4 studio (ова јас го тестирав и работи). Покрај тоа треба да имате и обична веб камера за да може да ги скенирате сметките, нормално камерата треба да ви поставена како примарна или дефаултна (доколку) имате други камери на компјтерот.

Филип
Филип
5 years ago

> сè со празни раце.
Надредниот знак е погрешно употребен – треба да биде „се со празни раце“.

види ги сите огласи на kariera.it.mk