На Microsoft му беше потребен релативно кус период по промената на фокусот од хардвер кон софтвер и сервиси, да се појави на врвот со неколку апликации на Google Play и App Store. Еден од тие нови сервиси е новата апликација во App Store, Microsoft Pix која помага да се направат подобри фотографии со помош на вештачка интелигенција.
Фокусот на апликацијата е на фотографии од луѓе, а трикот е дека апликацијата „постојано фотографира“ кога корисникот ќе ја отвори и потоа со помош на алгоритам избира најдобра фотографија. Вештачката интелигенција искористена во Pix се обидува да погоди кога сакате да фотографирате. Еден од начините на кој го прави ова е преку следењето на стабилизацијата. Пример, кога ќе забележи дека ја стабилизира камерата, апликацијата веќе започнува со фотографии.
Ова всушност овозможува Microsoft Pix да започне да фотографира пред притискање на копчето, дури седум фотографии се пред притискањето, а три се по отпуштањето на копчето. Подобрувањето на сликите е локално на телефонот, сликите не се испраќаат во облакот, а со тоа апликацијата не ја нарушува приватноста на корисникот.







