Над 1,5 милијарди податоци се во опасност поради лошо конфигурирани сервери

0 коментари 2 мин. читање

Лошо конфигурирани сервери се главна причина поради која над 1,5 милијарди податоци се достапни за сите кои имаат барем минимално техничко познавање. Големината на овие податоци е проценета на 12 милиони гигабајти или 12 петабајти, вели безбедноснaта компанија Digital Shadows.

Најголем дел од достапните податоци отпаѓа на лошо конфигурирани: Amazon Simple Storage Service (S3); rsync; Server Message Block (SMB); File Transfer Protocol (FTP) сервери, но и лошо конфигурирани страници. Поради ова, податоците на корисниците се јавно достапни. Само во првите 3 месеци на 2018 година, Digital Shadows откри 1, 5 милијарди вакви податоци.

Дел од податоците кои се јавуваат се барања за поврат на данок и исплати на плата. Сепак, тука има и сметки од купување, листи на пациенти од ординации и сл. На листата има и производи од компании кои сè уште не се во продажба, а дел не се ниту објавени.

„Нашиот извештај покажува неколку случаи во кои е изложена интелектуална сопственост. Во еден случај, апликација за заштита на интелектуална сопсвеност и целосниот изворен код за технологијата беа јавно достапни.  Во друг пример енергетска компанија изложи на опасност детали и дијаграми од технологијата додека чекале за доделување на патентот“.

Кога државите се во прашање, најголем дел од овие податоците, околу 16%, најчесто се од САД. Сепак ако се гледа на Европа како на целина, тогаш со 37% од податците, никој не е ниту блиску до „стариот“ континент.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед