0 коментари 2 мин. читање 29 октомври, 2018

На возилата на Tesla конечно пристига асистентот

Tesla најави дека започнува со надградба на софтверот на своите возила. Станува збор за надградба на авто-пилот кој поради продолжени тестови малку доцни.

Ова е најнапредна функционалност која компанијата му ја додава на возилото, „Navigate on Autopilot“. Надградбата на Twitter ја најави Елон Маск, а малку подоцна и официјално излезе на блогот на Tesla.

Засега надградбата не овозможува автономно возење. Наместо ова станува збор за софистициран асистент. Асистентот може на корисникот да му предложи промена на лента, но промената мора да ја потврди корисникот. Асистентот функционира единствено на  автопат, а тука може да помогне со управувањето на возилото, но од Tesla инсистираат дека сепак возачот е одговорен за секоја незгода

Како што собираме податоци од Navigate on Autopilot ќе продолжиме да го подобруваме и да го правиме поефикасен.

Надградбата започнуваа да се „испорачува“ оваа недела кај корисниците кои купиле: „Enhanced Autopilot“ или „Full Self-Driving Capability“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top