Странски блогери ќе го промовираат туризмот во Србија

во Општо

Атрактивноста на една држава како туристичка дестинација не зависи единствено од изградени објекти, уредени плажи или куп реклами кои ги повикуваат туристите. Таков маркетинг можеби некогаш функционирал бидејќи бил единствениот, но денес приказната е поинаква, и малку покреативна. Интеренет овозможува одличен начин за претставување на туристичките локации, а токму на ова се надева Србија во која доаѓаат познати „travel“ блогери.

Познатите блогери ќе ја презентираат земјата на уникатен начин, од свое гледиште ќе споделат свои српски авантури кои ќе им помогнат на потенцијалните туристи да дознаат повеќе за земјата. Но, ваквата промоција ќе им дозволи на српските власти да ги увидат грешките, т.е. да добијат фидбек од блогерите, за да му понудат подобро искуство на секој следен турист.

Кампањата е наречена #MySerbia, и се разбира дека има хаштаг преку кој секој може да споделува убави фотографии и искуства од Србија. Поканети се блогери кои заедно имаат публика од над милион луѓе. Тоа се Мелвин Бехар од traveldudes.org, Роб Лојд од stophavingaboringlife.com, Беки Енрајт од bordersofadventure.com и Каш Батачерија од budgettraveller.org. Тие ќе ја истражуваат земјата заедно со локалните блогери Зорица Лончар од eurotribe.com, Урош Недељковиќ од neblog.bjuti.info, Милош Петровиќ од milosblog.com, јави Netokracija.

Кампањата во која можат да учествуваат и домашни корисници има и награден карактер, па гостите блогери ќе одберат четири најдобри предлози, а предлагачите ќе добијат награден викенд за двајца на локација во Србија по сопствн избор.

Сличен проект беше стартуван и во Македонија пред една година, и моментално се уште се објавуваат постови тагирани

” target=”_blank”>со #ShareMacedonia.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments