Можеби е споро, но Navia е првото комерцијално автономно возило

во Свет

Електричниот автомобил Navia е првото автономно возило кое ќе се појави во продажба. Navia e производ на Induct Technology, а е минибус кој е наменет за превоз на осум патници. Возилото е целосно електрично и вози без емисија на штетни гасови, иако е прилично споро со брзина од 20 км/ч. Возилото може да се испрограмира да вози по посакува рута, но и да се повика преку мобилен телефон или десктоп компјутер. Откако патниците ќе го одбележат своите дестинации на таблет компјутер, Navia ги затвора своите врати и возењето започнува.

„Замислете цел град без бучни автобуси кои загадуваат, кои се заменети со еколошки, роботски шатл кој можете да го повикате со паметен телефон. Navia e целосно автономен автомобил, без штетни гасови, безбеден и едноставен за користење“, вели основачот на Induct Technology, Пјер Лефевр.

Батериите на Navia се полнат со магнетна индукција, а траат 24 часа, без кабли или човечка интервенција. Покрај ова Navia има 40-60 отсто помали оперативни трошоци од традиционалните решенија. Во тест возењата кои се одржаа во Швајцарија Navia ги намали трошоците за превоз на училиштата за 40 отсто. Тестирање на возилата има и во Сингапур, а презентации ќе се одржуваат и за време на траењето на CES 2014.

Со оглед на загадувањето кое минатиот месец беше забележано во неколку градови во Македонија, се чини дека Navia може да биде решение за дел од загадувањето предизвикано од автомобилите и автобусите. Кое е вашето мислење, дали можете да ја замислите Navia на улиците во Скопје?

[youtube]VmZHwB1GnQY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk