Мобилните телефони се мртви, да живеат паметните телефони!

во Мобилни

За првпат паметните телефони се продаваат повеќе од стандардните мобилни телефони. Паметните уреди имат 51,7 отсто удел од вкупната продажба, вели IDC. Вкупно се произведени 420 милиони мобилни телефони (пораст од 4 отсто од лани), од кои 216,2 милиони се паметни телефони испорачани во првиот квартал на 2013-та година. Ова е пораст од неверојатни 41,6 отсто споредено со 152-та милиони испорачани паметни телефони во истиот период лани.

Најголема користи од растот забележуваат кинеските и корејските компании, додека Apple забележа само мала добивка. Секако најголеми пратки од 70 милиони уреди има Samsung. Јужнокорејскиот гигант држи 32,7 отсто од севкупните испораки, што е двојно повеќе од уделот на Apple со 37,4 милиони уреди. Но, имајте на ум дека Apple има само еден модел на телефон – iPhone, додека Samsung се натпреварува со бројни модели како Galaxy Note, Galaxy S3/4, Galaxy S3 Mini итн. Другите азиски производители како LG, Huawei, ZTE имаат испорачано околу 10 милиони уреди секој. Како што може да се забележи во првите пет ги нема HTC, ниту BlackBerry кои беа сеприсутни претходните години.

Интересно, на севкупниот пазар на мобилни телефони Nokia сè уште е на второто место во продадени уреди. Samsung пак прв со 115 милиони продадени уреди (и стандардни и паметни телефони), па следи Nokia со 61,9 милиони продадени уреди, па Apple со 37-те милиони продадени iPhonе-и. Но, иако втора Nokia изгуби дури 6 отсто од пазарот споредено со истиот перод лани, паѓајќи сега само на 14%. Паметните телефони на Nokia, дури и со помош на Microsoft чиј Windows Phone OS го користат како платформа, сè уште се далеку зад конкурентните, а светот полека престанува да купува малечки телефони со физичка тастатура.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
MICE
MICE
8 years ago

Dobro pa vo 37 milioni ne se site APPLE IPHONE5

Nokia
Nokia
8 years ago
Reply to  MICE

па Apple освен iPhone немаат друг телефон, секоја година објавуваат по една верзија телефон а во производство од сите седум модели досега се 4, 4S и 5.

види ги сите огласи на kariera.it.mk