Мисијата на Марс и Space X, фокус на Reddit AMA на Илон Маск

во Свет

Илон Маск, основачот на Tesla и Space X на неодамнешната AMA (Ask Me Anything) сесија одговараше на прашaња на корисниците на Reddit. Можеби очекувано најголем интерес овој пат имаше за вселенските летала, нивната иднина и очекувано мисијата на Марс. The Verge ги пробра сите подаоци од ова AMA и ги сподели во еден текст.

Дел од прашањата се однесуваа на ракетите и возилото за пренос на Марс. Леталото ќе може да издржи забрзување од 20G, иако вообичаено забрзувањето ќе биде 5G. Леталото кое ќе пренесува патници ќе има помала густина, ќе биде побавно од Falcon X, а поради тоа и помалку ќе се загрева. Сепак клучна за иднината на следните планови е идната легура која ќе биде отпорна на оксидација.  Сепак системот и леталата за меѓупланетарен транспорт се најмалку една, до две години далеку.

Мисиите за транспорт на луѓе се и подалеку од ова. Првите мисии ќе бидат транспорт на опрема и товар. Целта на првите мисии е да се постави основата за базата на Марс.

Целата замисла е да се подобрат Falcon 9 ракетите за да може да се користат за неограничен број на патувања. Ова треба да овозожи поевтини летови што и беше најавено од г. Маск. Сепак креирањето на база на Марс ќе биде само прв чекор. Ова треба да биде станица за дополнување на гориво од каде леталата ќе можат да се вратат назад, но и да одат и да истражуваат други планети.

Што се однесува за „куќите“ на Марс, еве што имаше да каже г.Маск:

„За почеток стаклени панели со рамки од јаглеродни влакна за изградба на геодетските куполи на Марс. Плус многу роботи за копање и за градење на тунели. Со вторите може да изградиме голем простор со притисок за почеток на индустриските операции и да ги оставиме стаклените куполи за чист простор за живеење.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments