Дали е Yahoo на распродажба? Microsoft и уште неколку фирми потпишаа доверливи договори со Yahoo со кои ќе им се дозволи да ги прегледаат финансиските документи на компанијата за да ги истражат можностите за идни зделки, пренесува Reuters.
Yahoo во моментов прави „стратегиски преглед“ за да го промени својот бизнис и да го зголеми приходот кој сега, и под водството на неодамна отпуштената директорка Керол Бартц, сè уште стагнира.
Според анинимните извори на Reuters, фирмите кои потпишале договор со Yahoo сега сакаат да купат само дел од компанијата, односно најмногу до 20 отсто од акциите, а потоа можеби и целата компанија.
Тоа што е интересно за Microsoft e што директорот Стив Балмер во октомври изјави дека „имавме среќа“ што не потрошија 44 милијарди долари на Yahoo во 2008-ма година. Moжеби тогаш тој алудираше дека се среќни што сега ќе им треба помалку пари за да ја преземат компанијата. Всушност сега, според New York Times, Мicrosoft ќе се обиде да го купи Yahoo заедно со партнери.
Од главен интерес за Microsoft е што Yahoo, покрај тоа што е добар дистрибутер на квалитетна содржина, тој сè уште e вториот најчесто користен интернет прелистувач во САД. Toкму поради интернет пребарувањето Microsoft во 2009-та склопи десетгодишен договор со Yahoo за да се користи Bing како основен пребарувач на Yahoo и Microsoft да зема 12 отсто од рекламниот приход на Yahoo.