Microsoft му рече „добредојде“ на Skype

во Свет

Првично најавена на 10 мај 2011, Microsoft денес и официјално ја вклучи 8.5 милијарди долари вредната аквизиција, Skype, во своето портфолиот на сервиси откако и европските регулатори ја одобрија зделката. Microsoft и Skype „ќе останат фокусирани на задничката цел за поврзување на сите луѓе низ сите уреди и ќе го забрза трудот на компаниите да го променат начинот на како се комуницира во реално време.“

Досегашниот директор на Skype, Тони Бејтс, ќе стане претседател на Skype дивизијата на Microsoft, и ќе одговара директно на директорот на Microsoft, Стив Балмер. Тоа што е поважно е што Skype ќе продолжи да го нуди својот продукт, односно во иднина „ќе биде интегриран во бројните Micorost продукти за да го прошири достигот на Skype и да го забрза неговиот раст како основна алатка за онлајн комуникација.”

Според официјалните бројки Skype има околу 68 дневни корисници кои трошат 700 минути дневно на аудио повици што е и бизнисот на Skype. VoIP сервисот прави пари продавајќи кредити за SkypeOut повици кон нормлани телефонски броеви, односно SkypeIn за повици од нормален телефонски број кон број што го поврзува Skype профилот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments