0 коментари 1 мин. читање

Microsoft ќе тестира подводен податочен центар

Microsoft започнува тестови за да ја пронајде локација за најефикасен податочен центар. Компанијата смета дека под вода е вистинското место и благодарение на подобро ладење ќе заштедат на енергија.

Компанијата веќе ги започна тестовите, а првата капсула / податочен центар е на дното на северното море во близина на шкотските острови Оркнеј. Теоријата е дека под вода ладењето е многу подобро. Лоша вест секако е дека ако било што се расипе нема поправка.

Сепак тоа што луѓето не може да пристапат не е лошо. Ова ќе је овозможи да се извади кислородот што е секако главна причина за оксидација. Со ова ќе се намали голем проблем во податочните центри.

Тестовите треба да покажат дали е исплатливо да се конструираат центрите подвода. Поточно дали вреди да се ризикува сервисирањето во замена за поефикасно ладење, а со тоа и пониска потрошувачка на електрична енергија. Друга предност ќе биде малото доцнење (латенција) до овие центри за популацијата која е во близина на брегот. Според процените, ова е половина од светската популација.

Оркнеј е еден од најголемите истражувачки центри за обновлива енергија, ова секако има огромно влијание во изборот на локацијата. Островите се и едни од првите прифаќачи на енергијата од ветерот, a експериментираат и со централи на плима и осека, вели BBC.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top