MegaUpload го зададе првиот удар, ќе го тужи Universal

во Веб

Нели требаше да биде обратно? Сервисот за споделување фајлови, MegaUpload го тужи Universal Music Group бидејќи им тргнале видео од YouTube на основа дека видеото прекршува авторски права.

Се работи за видео oд кампања во која популарни ѕвезди како П Диди, Алиша Кејс, Снуп Дог, Крис Браун, Кање Вест и други, се изјаснуваат дека го користат MegaUpload.

Поголем дел од ѕвездите во видеото всушност имале договор со Universal. Ова е само дополнителен проблем на Universal кои заедно со другите издавачи имаат сериозен проблем со MegaUpload бидејќи сајтот се користи за симнување пиратерија, иако сервисот вели дека ги трга корисниците кои споделуваат нелегална содржина. Всушност, сите Mega-сајтови како MegaPorn, MegaLive, MegaPix и MegaVideo се доста популарни токму поради пиратеријата. MegaVideo е меѓу најпопуларните видео сајтови веднаш зад YouTube и Hulu.

„Mega е сопственик на се што има во видеото. И ние имаме потпишано договори со сите артисти кои се појавуваат во оваа кампања. UMG направи нешто нелегално и нефер со пријавување дека содржината на Mega ги прекршува правилата. Тие немаат право да го прават тоа.“, вели 37-годишниот германски хакер и основач на Mega-сајтовите, Ким Дотком. „Го имаме правот да земеме легални активности Но ќе им дадеме шанса да се извинат.“

Некои од видеата се повторно на YouTube, но се закачени од други корисници.

[youtube]Y8aUCnyKH2U[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments