Три мали алатки за три големи работи. Запознајте се со вашиот компјутер, дознајте како да се здобиете со целосна контрола врз меморијата и како да читате како цар, или барем нешто приближно до тоа…
GrecTeck SysInfo ви сервира корисни информации за оперативниот систем и хардверот на вашиот компјутер. Оваа исклучително „лесна“ алатка може да ви каже детални податоци за вашиот процесор, bios, оперативен систем, хард диск, меморија, оптички читачи, мрежни карти и слично. Може и пријатно да ве насмее со правописни грешки како System Tipe. Може и да ја објасни секоја категорија, но не го прави тоа и остава на вас да дознаете преку експериментирање.
Memory Optimizer 2 е алатка која во последните седум години специјализира само во RAM и негова оптимизација. Во случај да не верувате дека ваквата оптимизација не е ништо повеќе од урбан мит, можете да пробате да ослободите меморија со кликнување на копчето Recover Free Memory или, уште поважно, да проверите колку RAM имате и колку е искористен во моментот. При исталација на програмот, погрижете се опцијата Saver’s Fund да е дештиклирана и да кликнете на Skip and ignore saving others.
GentleReader е апликација од џентлмени за џентлмени и е замислена да ви дозволи да добивате и читате известувања од вашите омилени сајтови (и Twitter) преку лесно-достапен интерфејс. Апликацијата е за Windows 10 оперативен систем и не ве тормози нити со непотребни програми, нити со реклами, а лесно можете да бидете изложени на тренди содржини, односно на текстови кои останатите корисници ги читаат. Сите корисни работи на кои ќе наидете можете подоцна да ги читате без пристап кон интернет. За такво нешто треба да кликнете на опцијата Bookmark кога ќе наидете на соодветен текст.
Дали знаевте дека почнавме да одиме на часови по танцување, а и некако најдовме време да осмислиме листа од 30 најдобри бесплатни програми? За повеќе информации за една од овие работи, кликнете тука!
[…] Mали алатки за големи работи #1 се крие тука некаде. […]