Македонскиот стартап G6 Solutions, кои можеби ги знаете по сервисите како 0.мк, или поверојатно како добитници на 100.000 долари од Samsung за Crack Your Screen, успеаја да влезат во финалето на Shift Conference во Сплит. Овојпат конкурираат со нивната нова Black апликација за анонимни VoIP разговори измеѓу непознати корисници. Ваквите анонимни апликации се хит меѓу младите бидејќи нудат позабавни разговори, а често и искрени исповеди кои водат кон нови пријателства. Black е можеби поразлична од другите анонимни апликации за пораки, бидејќи нуди говорна комуникација, налик на анонимен Skype. Идејата, велат од G6, е дека ако „му дадеш маска на човекот, тогаш тој ќе ти ја каже вистината“.
„За идејата, иницијално не инспирираше филмот Her – за што имаме објавено и артикал на нашиот блог, но низ развојот од речиси пет месеци, идејата претрпе доста измени,“, вели Теодос Пејоски, еден од основачите на G6. „Моментално се работи паралелно на платформа наменета за девелопери што во своите апликации сакаат да имаат безбедна, но пред се анонимна комуникација, како и самата Black мобилна апликација – што претставува proof-of-concept за функционирањето на самата платформа, а и самата по себе има интересен момент т.е. анонимни исповеди“
Првото место во Сплит носи 5.000 долари, но тоа што е поважно е што конференцијата, закажана за 5-ти и 6-ти јуни, може да биде отскочна даска за регионалните стартапи, пример, ланскиот победник BellaBeat веќе собра околу 4,5 милиони долари инвестиција. Интересно, G6 на Shift се претставува како компанија од САД, иако е основана од македонски програмери. Причината за ова е што го таргетираат западниот пазар, веќе работат на формирање на тим за продажба и макреинг во САД, а развојниот тим ќе остане во Скопје, вели Теодос.








Bas me izradva aplikacijata, interesna e, i se nadevam ke uspejat momcite od Makedonija, ama zosto da se pisat deka se od SAD? To nema da mu daj poeni, nitu pak ke mu pomozi vo baranje sponzori…
Ako sakat da se od SAD, pa neka odat vo SAD i tamu neka prosperiraat… Nemozam da gi razbiram :/
Celnata grupa na klienti, i proizvodot, nemaat nikakva vrska so mestopolozbata (ili lokacijata) na kompanijata.. Neznam so gi stega vo umo :/
Неможиш да ставиш Google Ads затоа што Google wallet не дозволува merchant account во Македонија. Неможиш да отвориш PayPal merchant account во Македонија со која што можиш да примаш пари на своја сметка. Ако некој ти пушти пари од USA овдека ќе треба да 2 месеца да ги оправдуваш, од каде и зошто ти дошле, а згора на тоа имаш и дупли даноци од USA и од MK. Така да патриотизмот ништо не ти значи ако не ти чини државата.
П.С. Не сум поврзан со G6 во никој случај, само сакам да кажам дека ги разбирам.
Здраво Зоки и Драган,
Причината што пишува дека сме од САД затоа што аплициравме со фирмата која ја основавме во Америка, која беше основана првично ради причините кои ги наведи Драган, и затоа што доколку би добиле некаква инвестиција полесно и поедноставно би било да ги примиме парите таму него тука.
Ние сме сепак тука и моментално нема вработени во Г6 во САД, така да без гајле.
Незнам колку ги пратите ваквите настани, но од основањето до денес, сме партиципирале на повеќе од 10 вакви настани во странство и од почетокот се трудиме да го зголемиме интересот на странски инвеститори и на локални претприемачи за инвестирање и развој на стартапи во Македонија.
Благодарни сме на поддршката во секој случај :)
Поздрав
за жал (на целата држава и напредноста на нашата интернет клима) да, и јас би играл УСД отколку МКД. Таму барем има луѓе/компании кои би те спонзорирале.
Незнам дали ме разбра, ама мене не ми е криво шо сте регистрирани во САД, ниту пак ќе ми биди ако одите сите таму (баш напротив, мислам дека таму ви е иднината посигурна), ама па ми падна глупо ова шо го прочитав дека се пријавувате како фирма од САД.. Јебига, ко веќе ви е отворена фирмата таму, мора да се користи..
Во секој случај, не велам дека треба да браните/залагате за МКД, оти тука сме назад бајади години. Треба да си прајте се што можите за да просперирате.
Да, да. Колку шо прочитав, апликацијата звучи интересно/ново и иновативно. Се надевам барем 10% (хехе) од Американците ќе мислат ко мене, и ќе ја купат :)
Позз момци, и се најдобро!
Во ред ред дека немаме пејпал и гоогле адс за програмите, ама како шо разбирам да читам, ова е натпревар за софтвер, а не за работите што ти ги спомна. Не ги мешај поимите – пазар и натпревари, оти за пазаро, да, сепак најубо е да бараш начини каде што ќе можиш да заработиш (гоогле) или да бидиш платен (пејпал), а натпревар е друго.. Сигурен сум дека ако добијат парична награда тие нема да бидат ограничени на префрлање преку пејпал, или па лимитирани од која земја потекнуваат.
Да иначе.. И мене ми треба и пејпал легитимен, и гоогле легитимно и се, ама за жал.. МКД е земја на чудата.
За даноците, посекако имаш дупли даноци, ко ќе ги внесиш во државата, освен ако планират момците да пренесват по 2-3 ијлади евра/долари по граници :)