0 коментари 1 мин. читање 14 ноември, 2019

Македонската Raining Blobs доаѓа на Nintendo Switch

За играта на Енди Милојкоски зборувавме во неколку наврати и со огромна гордост следевме како се пуштаат корени низ најразлични платформи, почнувајќи со Steam, движејќи се низ Itch.io, Xbox, Google Play, и, до пред некое време, завршувајќи со Xbox One. Брзата, адреналинска и шаренолика забава влијаеше до таа мера, да едноставно моравме да ја сместиме на нашата листа од 10 најдобри македонски игри.

Но, се чини дека Енди сеуште не е спремен да заврши со Raining Blobs и да ја остави да одјава кон зајдисонцето. На 15 ноември, играта ќе биде достапна и на Nintendo Switch!

На Nintendo Swich верзијата на Raining Blobs може заедно да играат до осум играчи во која било конфигурација на џојстици, половинки, про контролери и слични. Ева како изгледа таквиот неодолив хаос.

Raining Blobs за Nintendo Switch ќе чини 10 долари.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top