2 коментари 1 мин. читање

Македонската филхармонија на саундтракот на Civilization VI

Дискусијата која верзија на „Зајди зајди“ која се наоѓа на саундтракот на новата Battlefield 1 не е завршена; македонска музика сè уште нема на радио и телевизија. Затоа огромно изненадување е што една кул вест оваа недела е токму од македонската музика. Насловната песна на најпопуларната стратегија Civilization VI ја изведува Македонската филхармонија.

Композитор на „Sogno di Volaree“ (Сонот за лет) е Кристофер Тин, текстот е на Леонардо да Винчи со адаптација на Чиара Кортез. Покрај Abbey Road Studios, Skywalker Sound, The Bridge песната е снимана и во М1 студиото на Македонската радио телевизија. Диригент е Олег Кондаренко кој можеби дел од читателите го помнат од Journey.

Читателите кои подолго го следат IT.mk најверојaтно се сеќаваат дека музиката од  Journey, која е добитник на BAFTA е изведена од истиот оркестар.  Диригентот Олег Кондаренко е диригент и на двете композиции.

(tnx до Милан Тасевски за линкот)

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top