0 коментари 2 мин. читање

LulzSec и Anonymous му се скараа на FBI. Нови пробивања наскоро?

Кога пред некој ден беа уапсени 16 осомничени членови на Anonymous поради пробивања на финансиски сајтови, заменик помошник директорот на американското Федерално биро, Стив Чабински излезе со изјава дека „сакаме да пратиме порака дека хаосот на Интернет не е прифатлив, дури и ако хакерите веруваат дека имаат социјални причини, не е прифатливо да се пробиваат сајтови и да се прекршува законот.“

Ова ги налути двете хакерски групи, едната LulzSec чиј интерес е популарноста, и другата Anonymous, кои во минатото се покажаа дека имаат активистички мотиви, кои во заедничка изјава се обратија кон FBI прашувајќи ги „дали навистина верувавте дека сте во контрола на Интернетот во било кој момент?“.

Двете групи се познати по разни пробивања од рушење на сајтови на Visa, Mastercard, ирански владини сајтови до напаѓање на сајтот на CIA, американскиот сена, Sony Playstation Network, секој напад или поради активистички мотив или со намера да се напркоси на властите.

LulzSec се појави пред некој месец, направија куп публицитет и се повлекоа тивко по апсење на еден хакер за кој се сомневаше дека е дел од групата. Додека во тој период беа активни тие првин ги исмејуваат Anonymous, се сомневаше дека се поранешни членови, за потоа заедно со нив да стартуваат #antisec операција која сега Lulzsec, откако станаа активни повторно, ја продложуваат. #Antisec операцијата беше повик на пробивање на владини сајтови и откривање на доверливи документи, најверојатно мотивирани од примерот на Wikileaks кој го поддржуваат.

This is a joint statement from #Anonymous (@AnonymousIRC) and Lulz Security (@LulzSec) to the FBI (@FBIPressOffice) – http://t.co/lx7yjNXless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top