Лондонската полиција започна со тестирање на софтвер кој помага во предвидувањето кои членови на банди се најверојатни извршувачи на насилен криминал во иднината, јави BBC. Полицијата во Лондонс се надева дека софтверот ќе им овозможи на полицајците поефикасно да ги распоредат своите сили, а со тоа да бидат активни на вистинското место. „Тоа што ви го кажува софтверот е кои се најризичните поединци, кон кои треба да ги насочиме нашите ограничени ресурси“, вели Маз Јановала, шеф на оделот за анлаитика на јавна безбедност.
Софтверот всушност ги собира податоците од повеќе локации на едно место покрај податоците кои ги има Metropolitan Police, изгледа дека софтверот може да пребарува и по друштвените мрежи и Интернет, па доколку поединец постави матерјали кој би можеле да предизвикаат насилство ќе бидат запишани во неговото „досие“. Софтверот кој го користи полицијата во Лондон е креиран од Accenture и е специјално изработен за предвидување на насилство од банди.
„Јасно е дека прибирањето на податоци и анализа на огромно количество податоци ќе ја поедностави работата на полицијата. Сепак ова несмее да биде оправдување за користењето на овие мерки. Има најразлична форма на моќ која може да им биде дадена на безбедносните агенциите и полицајците за да ги заштитат правата на поединците и владеењето на правото – ефикасноста никогаш не треба да биде мерка со кои се зголемуваат моќите за спроведување на законот“, велат од Statewatch – група за заштита на човечките права и слободи.
Пред неколку години и полицијата во Лос Анѓелес тестираше софтвер со кој се прогнозираа квартовите во кој е поголема веројатноста за криминал. Со ова можеа поефикасни да ги користат средствата кои им беа на располагање и да ги испратат полицајците во овие реони. Според резултатите од ова истражување, криминалот во реоните каде се користело тестирањето е намален за 25 отсто.
[…] и за алгоритам и за софтвер кој предвидува каде е поголема опасноста од криминал, организира најдобри рути за патролирање на […]