LG се повлекува од пазарот на паметни телефони

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

LG е првиот производител на паметни телефони кој во целост ќе се повлече од овој пазар. Компанијата објави дека наместо во секторот кој носи загуби ќе се фокусира на уредите за домаќинство и на телевизорите.

Причина за затворањето на овој сектор се големите загуби. Во последните 6 години производството на паметни телефони на LG му однесе 4,4 милијарди долари. Дури ни третото место по продажба во Северна Америка не успеа да го спаси овој оддел на компанијата. Постоечките телефони ќе останат во продажба до распродавање, иако знаејќи дека компанијата се повлекува, интересот веројатно ќе биде намален.

Во LG проценија дека е попаметно овие средства да ги инвестираат во развој интернет на нештата, делови за електрични возила, роботика, вештачка интелигенција, и уреди од паметниот дом.

Иако се повлекува од развојот на паметни телефони, LG ќе продолжи да развива технологија која е заедничка со останатите сектори, на пример на 6G мрежа.

Во минатото беа еден од партнерите на Google во развој и производство на Nexus уредите. Оваа година имаа 10% од пазарот во Северна Америка, телефоните долг период беа на трето место по продажба на пазарот во САД.

Официјалното затворање на овој оддел ќе биде завршено до 31 јули. Дали во иднина е можно LG телефоните повторно да се појават е тешко да се претпостави. Дел од брендовите како Nokia и Blackberry постојат и понатаму иако сега имаат нови производители. Со оглед на тоа дека веќе беа раширени вести дека LG сака да го продаде овој оддел, враќањето на брендот со нов производител нема да биде никакво изненадување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments