Мега популарната игра на Valve – Left 4 Dead 2 одбива да биде заборавена. Играта која сега е постара од деценија доби значително надополнување и бројни нови можности за справување со брзите зомби чудовишта.
The Last Stand е бесплатно надополнување осмислено од заедницата, а нуди нови достигнувања, оружја, дијалози како и дваесет нови Survival арени, четири нови Scavenge арени, но и кампања која е заснована на Survival мапата The Lighthouse.
Доколку сте неколку годишен гејмер кој често ја користи Steam платформата, шансите се дека веќе ја имате оваа игра. Насловите на Valve често се продаваат по огромни попусти. Поради тоа, не пропуштајте ја можноста (одново) да се подружите со социјално загрозените ликови и не-толку-харизматичните зомби чудовишта.