Лаптопите на HP доаѓаат со keylogger

Безбедносниот експерт Мајкл Минг пронајде килогер (keylogger) во неколку различни лаптопи произведени од HP. Пропустот е направен со Synaptics драјверот за тастатурата.

„Килогерот“ е заборавен дел од алатка за дебагирање која требала да биде отстранета пред драјверот да биде испорачан до корисниците. Пропустот е направен на 460 модели лаптопи од HP. EliteBook, ProBook, Pavilion и Envy се само дел од моделите на лаптопи кои се зафатени од пропустот, пренесе BBC. Добар дел од овие модели се на продажба и во Македонија, па ако сте сопственик не е лошо веднаш да го замените драјверот.

Добра вест, ако воопшто може да има таква, е што за да го употреби пропустот напаѓачот морa да има пристап до компјутерот. Причината за ова е што „килогерот“ е исклучен, па треба да го вклучи за да може да ги собира податоците.

Компанијата издаде безбедносни закрпи за надминување на проблемите. HP има специјална веб-страница со закрпи за овие пропусти. Пропустот е присутен од 2012 година, па ако сте сопственик на некој од моделите, најдобро веднаш да го преземете новиот драјвер.

Ова е втор сличен случај, откако претходно килогер беше пронајден и во аудио драјверот на компјутерите од компанијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk