Куп надградби на iOS го одбележаа WWDC 2018

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Image courtesy of Apple

WWDC е еден од настаните кои iOS девелоперите со нетрпение го очекуваат. Apple на овој настан вообичаено не претставува хардвер, но компанијата зборува за идните насоки на оперативниот систем. Секако ова значи дека WWDC е „резервиран“ за новите верзии на iOS, macOS и watchOS.

Оваа година настанот во живо го следеа девелопери од 77 држави. За платформите на Apple развиваат над 20 милиони развивачи, вели Тим Кук. Оваа година App Store полни 10 години, а платформата има над 500 милиони посетители. Тим Кук најави дека оваа недела очекуваат дека ќе биде надмината границата од 100 милијарди долари заработка за девелоперите.

iOS 12

Apple ја најави надградбата на оперативниот систем, iOS 12. Компанијата објави дека за само 7 недели половината од корисниците се префрлиле на претходната верзија на оперативниот систем.

Она што е за поздравување и изненадување е дека за прв пат новата верзија на оперативниот систем нема да „пензионира“ некој модел на телефон. iOS 12 ќе доаѓа на сите телефони кои можеа да се надградат и на iOS 11.

Компанијата објави дека новиот оперативен систем ќе овозможи подобри перформанси. Ова е направено со промeна на начинот на кој го оптоваруваат процесорот. Оперативниот систем сега подобро предвидува кога ќе има поголемо оптовaрување и тогаш обезбедува најголеми перформанси од A-процесорите. Дополнително, по пикот, оптоварувањето веднаш се намалува за да не страда батеријата.

Фокус на iOS и овој пат е проширената реалност. Компанијата објави дека заедно со Pixar работеле на нов формат на фајл .ustz. Ова овозможува проширена реалност на сите iOS уреди, ветуваат од Apple.

Measure е првиот пример на интегрирана апликација која користи проширена реалност. Како што може да заклучите од името, апликацијата овозможува мерење и премерување, и иако тоа не е спектакуларно, сепак е прилично корисно кога ќе ви затреба. Апликацијата овозможува мерење и во 3Д што е уште една функционалност која може да биде корисна.

За девелоперите новитет ќе биде надградбата на AR Kit 2 која треба да овозможи подобро искуство на проширената реалност. Најголема предност на надградбата е поддршката за креирање на искуство за повеќе од еден корисник. Каде е подобро ова да се искуси, ако не во игрите. Ова одлично го презентираа момците од Lego. Проширената реалност им овозможи да играат околу, но и во lego куќичката. Апликацијата пристига на App Store пред крајот на 2019 година.

Apple претстави надградба на „Photos“. Функционалностите се интересни, но веќе од поодамна се достапни на Android. Дополнително, најавена е и надградба на Siri, но го видовме асистентот на Google минатиот месец, па требаше нешто навистина специјално за да импресионира. Тоа овој пат го немаше, иако можноста за креирање на персонализирани кратенки (shortcuts) е интересна.

Apple News е првата апликација за која Apple ја претстави новата верзија. За разлика од останатите гиганти кои своите вести им ги оставаат на алгоритмите, Apple не се плаши да ги остави вестите да бидат одбрани од луѓето. Чекор подалеку, и веродостојни извори на вести ги одбираат луѓе.

Откако се „убија“ да не залепат на екраните, сега и Apple како и Google сака да ни помогне да го поминеме времето подобро. Искрено, ако го изгледавте „квалитетно поминато време“ на Google сте го изгледале и на Apple. Лимит на време поминато на апликации, сервиси за „не вознемирувај“, статистика за времето кое го поминувате на некои апликации.

Ако сте љубител на емотиконите тогаш Apple има фантастични вести. Корисниците ќе можата да си креират сопствени емотикони кои ги нарекоа „Memoji“. Корисникот ќе има можност да си персонализира сопствено емоџи кое потоа ќе може да го користи. Во слична насока се и ефектите на камерата кои овозможуват додавање на стикери во сликите.

Добра вест и за корисниците на FaceTime, по долго време FaceTime доаѓа со можност за групни видео разговори. Ограничувањето е на 32 корисници што е и повеќе од доволно. Во пораките може да се користат и Memojis и стикерите од апликациите.

Apple Watch – watchOS 5

Иако најавата секако е најдобриот Apple Watch досега, сè уште недостасува вистинска причина да ве убеди дека ви е потребен паметен часовник. Токму тоа и е причината што паметните часовници се фитнес додаток.

Презентацијата беше фокусирана на куп нови типови на вежби кои корисниците би можеле да ги користат додека вежбаат. Секако имаше и други апликации за часовникот како воки-токи, но ниту една од нив, нема да убеди фитнес „фанатик“ да ги замени фитнес алките како Garmin.

Новитет е подобрата верзија на Siri, но сè уште далеку од неопходно, па дури и потребно. Со новата верзија на оперативниот систем доаѓа и можност за прегледување на веб содржина во часовникот, но екранот е сè уште мал за веб содржина.

macOS

Новата верзија на оперативниот систем за компјутерите е macOS Mojave.

Една од надградбите е додавање на промена на темата, наречена Mojave Darkmode. Секако куп од софтверот веќе го имаше ова, па „fantastic in black“ навистина не е WOW фактор.

Една од поинтересните функционалности кои Apple ги претстави е „Stack“. Станува збор за нешто што би можело да се нарече малку пофункционален фолдер. Stacks овозможуваат организирање на фајловите расфрлани по десктоп. За дел од фајловите има поспецифична функционалност, пример може да се направи PDF од повеќе слики и слично.

Повторно е овозможено да започнете една работа на телефонот, а да ја завршите на компјутерот. Пример може да едитирате фотографија на компјутер или да скенирате документ со телефонот и да го префрлите на компјутерот.

Он што може да се забележи е дека оваа година WWDC беше фокусиран на интеграција на апликации во оперативните системи. Ова е тренд кој веќе подолг период продолжува и со апликациите за проширена реалност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] недела Apple претстави дел од можностите на новата платформа за проширена реалност ARKit 2. Платформата […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk