Куп корисни линкови за следење на Светското фудбалско првенство

во Веб, Свет

Затоа IT.com.mk состави листа, или водич за како да не пропуштите ниеден момент од првенството следејќи го на интернет. Од корисни официјални веб сајтови за информации, сајтови каде може да се најдат видео стримови во живо, до местата за дискусија и апликации за мобилен и прелистувачи… Секако доколку знаете други добри сајтови, пишете ми во коментарите подолу и ќе ги вметнам во листата.

Информативни линкови:

  • Fifa.com – Има супер информации, и секако има доста фотографии и видео
  • Goal.com – насловот на сајтот кажува многу, еден од најпопуларните сајтови за фудбал со најнови информации
  • Eurosport – Одличен сајт за информации, но уште поважно корисни осврти и размислувања на експерти како Арсен Венгер, тренерот на Арсенал
  • Google – се на едно место, од вести до корисници линкови до постови од Twitter, слики и видеа. Со Google сервисите ќе наидете на нешто како 3Д виртуелни тури на стадионите во Јужна Африка.
  • Marca.com – неверојатен календар за натпреварите. Marca има и одличен водич за секој играч од репрезентациите.
  • Guardian – одличен сајт за вести, но поинтересна е интерактивната мапа како учесниците се квалификувале на мундијалот.
  • BBC – одличен сајт со најновите вести
  • Livescore – сајт за резултати
  • Time.mk/sport и Daily.mk/sport– македонските агрегатори на вести се доста корисен извор на информации на македонски јазик
  • 24fudbal.com.mk – македонски сајт за фудбал

Друштвени мрежи:

  • Facebook – не ја заборавајте друштвената мрежа. Од споделување линкови, фотографии и лични мислења, се ќе се случува на Facebook.
  • YouTube – дефинитивно ќе најдете видеа од голови и интересни моменти, од лични видеа до видеа превземени од телевизиските преноси, сите ќе бидат на едно место
  • Twitter – јавна мрежа на која секој може да читас мислења. Поставивме и виџет за твитовите на македонските корисници. Покрај корисничката дискусија на Twitter ќе најдете профили на @fifa, @2010OC на организацискиот комитет и уште многу други профили кои споделуваат вести и информации.
  • Flickr – фотографии и тоа многу фотографии
  • Форум на IT.com.mk – дискусија за светско

Видео стримови во живо:

Додатоци и мобилни апликации:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
4 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Жарко
Жарко
14 years ago

http://www.balkansport.info е топ. Со стримови со супер квалитет. Имаат стримови на повеќе јазици.

Андреј
Андреј
14 years ago

Линкот од Goal.com води на English – United Kingdom верзија на сајтот. За Светско најверојатно е исто со International верзијата, но за општи фудбалски вести, на International има повеќе вести за сите лиги (вклучувајќи ја и Англиската), додека English – United Kingdom е за лигите од Англија повеќе.

Филип
Филип
14 years ago

Одличено сработено

Ivan
Ivan
14 years ago

http://www.atdhe.net za gledanje vo zhivo ;)